Судот во Софија утре одлучува дали ќе го затвори Индиецот кој се заканувал во авионот на „Ер Франс”

Авион
Авион, илустрација / Фото: EPA-EFE/ANA ESCOBAR

Судот во Софија утре ќе треба да донесе одлука дали ќе го задржи притворениот индиски државјанин, кој се обиде да влезе во пилотската кабина на авионот на „Ер Франс”, што вчера патуваше на релацијата од Париз за Делхи, јави Бугарската национална телевизија (БТВ).

Утре, исто така, се очекуваат да пристигнат и резултатите од тестовите за присуство на алкохол и лекови во крвта на патникот, а форензичките прегледи да ја утврдат менталната состојба на човекот.

На Интернет се појавија и снимки од авионот, направени од еден од патниците. Од описот под видеото станува јасно дека Индиецот ги навредувал патниците и екипажот и удрил во еден од стјуардите. Според авторот на видеото, Индиецот се заканувал дека ќе ги убие. Доколку биде прогласен за виновен, патникот може да се соочи со казна од пет до 10 години затвор, согласно бугарските закони.

Агресивниот патник беше уапсен и обвинет од Обвинителството во Софија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот