Судот го запре рушењето на галијата: Градот поднел жалба без таксена марка, па му ја вратиле

Рушењето на галијата во Вардар, кое градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов го најави во присуство на многубројни новинарски екипи, е запрено.

Набрзо откако започна уривањето, акцијата е стопирана, бидејќи сопственикот на истата поднел жалба, по што судот одлучил до донесување на конечна судска одлука да не се прави штета.

Како што дознава Слободен печат, на ваквата судска одлука Градот не останал рамнодушен. Се обиделе да поднесе жалба до Основниот суд, но жалбата била вратена бидејќи на неа немало залепена таксена марка.

Ова ќе го чини Градот комплетно враќање на предметот од почеток, а во меѓувреме извршителите немаат право да продолжат со рушење на галијата.

Управителот на бродот Жарко Миленковски уште кога почна рушењето на Галијата рече дека ќе ги искористи сите правни механизми за да спречи да се урне објектот и да се направи штета висока 1 200 000 евра.

Во изјава за Слободен печат Шилегов изјави дека сопственикот со месеци не плаќал кирија за истата, со што се создала можност да се раскине договорот.

ВИДЕО: Шилегов тврди, нема политика во одлуката да се отстрани галијата

На оваа изјава, се огласи и сопственикот кој појасни дека воопшто не должи за кирија на објектот.

ВИДЕО| Миленкоски: Скандалозна одлука на Градот, без судска одлука се руши имот вреден 1.200.000 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот