Судот ги замрзна трите стана кои според Камчев се на Груевски

Фото: Слободен печат

Судечкиот совет во предметот „Плацеви на Водно“ денеска го прифати барањето на обвинителката Лиле Стефанова за одземање на имот на фирмата „ССИ инвестмент“, на чие име гласат трите апартмана на Никола Груевски во „Панорама резиденс“ што според обвинителството ги истрампал за плацевите на Водно. Станува збор за стан од 155 метри квадратни, втор стан од 199 метри квадратни и трет стан од 200 метри квадратни чија што вредност е 660.000 евра. Привремената мерка на замрзнување на имотот ќе трае до правосилност на пресудата за предметот „Плацеви на Водно“, а завршните зборови за овој процес се закажани за 12 април, по што ќе биде објавена пресудата.

НОВИ АУДИО СНИМКИ | Камчев му реферира на Груевски за сведочењето за „Плацевите на Водно“: Мафија бре шефе!?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот