Судењето за „Титаник” продолжува на 1 март

Судење „Титаник“ фото архива на Слободен печат

Судењето за случајот „Титаник” продолжува на 1 март. Овој судски предмет е уште во фаза на доказна постапка. На денешното рочиште беше сослушан актуелниот премиер Зоран Заев, кој од позиција на сведок предложен од обвинителството сведочеше за изборните нерегуларности вршени од страна на ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година.

Судењето за овој случај го води судијата Осман Шабани, додека обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова.

Меѓу обвинети за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и за изборните нерегуларности се обвинети Никола Груевски (во бегство), поранешните министри Гордана Јанкуловска и Миле Јанакивески и други поранешни високи функсионери на ова политичка партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот