Студија: Откриена можната причина зошто автоимуните болести најмногу ги погодуваат жените

Фото: Profimedia

Дури четири од пет пациенти со автоимуни болести се жени. Имунолошкиот систем има за цел да нѐ заштити од бактерии и паразити, како и од канцерогени мутации. Меѓутоа, кај некои луѓе, овој систем ги напаѓа ткивата на нивното тело. Со состојби како што се дијабетес тип 1, ревматоиден артритис, лупус и мултиплекс склероза, автоимуните болести се третата најраспространета категорија на болести, надминати само од ракот и срцевите заболувања.

Нарушувањата на имунолошкиот систем несразмерно ги погодуваат жените. Во САД, четири од секои пет пациенти со автоимуни болести се жени, известува „Саенс алерт“. Новото истражување покажа дека оваа состојба може да се објасни со интеракцијата помеѓу два икс хромозома.

Кога се достапни два икс хромозома, клетката може да користи информации само од еден.

За да се избегнат одредени дупликации на гени поврзани со икс хормозмот, еден од нив случајно се „замолчува“. Долгите нишки на РНК и нивните придружни протеини се обвиткуваат околу таквиот хромозом, спречувајќи го да се обиде да направи каква било активност, објаснуваат научниците.

Една нова студија, предводена од истражувачи од Стенфорд, открива дека неколку протеини кои РНК ги користи за да ги замолчи хромозомите се автоантигени. Кај автоимуните болести, тие на тој начин го активираат алармот на имунолошкиот систем, предизвикувајќи го да го нападне телото што треба да го брани.

Истражувачите покажаа дека овој молекуларен комплекс е главниот двигател на автоимуните нарушувања, што може да објасни зошто жените се повеќе склони кон развој на овој тип болест, бидејќи имаат две од нив, за разлика од мажите.

„Како лекар, имам многу пациенти, од кои повеќето се жени, со лупус и склеродермија, кои се автоимуни нарушувања што се манифестираат на кожата“, вели Хауард Ченг, генетичар од Стенфорд.

Во оваа смисла, истражувачите ги тестирале хромозомите кај машките глувци.

Обично, мажјаците развиваат автоимунитет сличен на лупус со многу помала стапка од женките. Но, кога бил вметнат ген од нишките на РНК што ги обвиваат хромозомите, почнале да се развиваат состојби со слична брзина како кај жените со автоимуни болести.

Ова сугерира дека двојните икс хромозоми ги ставаат луѓето на поголем ризик од развој на автоимунитет, но исто така, велат истражувачите, дека тоа веројатно ќе биде случај само ако тие имаат постоечка генетска предиспозиција.

Иако многу луѓе може да се предиспонирани за автоимуна болест, овој експеримент покажува дека РНК протеините можеби го зголемуваат ризикот од „предизвикување“ на таква состојба.

Чанг забележува дека овие ограничувања на автоимунитетот се среќна околност, бидејќи во спротивно сите луѓе со два икс хромозома би можеле да бидат поподложни од оние со само еден.

Ова истражување беше објавено во списанието „Сел“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот