Студен туш за Србите и од Унгарија: Соседот од среда бара два негативни ПЦР тестови

Ивица Дачиќ / Фото: Архива

Во однос на патувањата на Србите во Грција, министерот наведува дека и натаму нема ништо ново.

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека границите БиХ и Бугарија во овој момент се отворени за граѓаните на Србија, додека, како што вели Унгарија од утре на полноќ воведува нова мерка – два негативни ПЦР тестови во последните пет дена.

– Оние пак што ќе транзитираат треба да се најават, вели Дачиќ.

Во однос на патувањата на Србите во Грција, министерот наведува дека и натаму нема ништо ново.

– Немаме најава дека ќе се случи промена. Она за што луѓето зборуваа, дека може да се влезе со негативен тест, точно е, но само за членките на ЕУ, не за другите земји, објасни министерот и додаде дека 1. август е „веројатно следниот ден кога ќе има обновување на податоците“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот