Струмица добива нова модерна болница со врвна медицинска услуга (ФОТО)

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска заедно со директорот на Општата болница во Струмица, Наќе Гогов при посетата на болницата, извршија увид и обиколка на новото крило со вкупна површина од 6.000 м2, каде се сместени повеќе специјалистички амбуланти.

Во изјава за медиумите, министерот Филипче истакна дека по три години интензивна работа, Струмица добива нов болнички објект и дека тоа го заслужуваат сите, здравствените работници, пациентите и граѓаните, не само на Струмица, туку и на целиот тој регион.

-Во оваа модерна болница, изградена со најмодерни материјали, со распоред според најразвиените светски болници, пријатно ќе се чувствуваат и ќе може квалитетна здравствена услуга да даваат здравствените работници, но и врвна медицинска услуга пациентите на коишто им е тоа потребно за многу кратко време и се на едно место. Оваа здравствена криза со која сега во овој момент се соочуваме, а тоа е коронавирусот покажа дека е исклучително важно да имаме модерни болници во којшто може за кратко време пациентите без многу лутање и на едно место да добијат здравствена услуга, а не да се препраќаат во околните болници во другите градови- потенцираше министерот Филипче.
Тој рече дека Владата интензивно инвестираше во здравствениот систем, пред сѐ во луѓето, во платите, во приемот на нови лекари и медицински сестри, како и во младите лекари.
-Се зголемија платите на лекарите и тие сега изнесуваат помеѓу 80 и 160 илјади денари. Се примија на работа огромен број на лекари и медицински сестри. Издадовме над 5.000 согласности за вработување за само две години. Сите млади лекари добија шанса да работат тука, во здравствените установи во нашата земја. Да имаат платен стаж, да не се дискриминирани за прием по ниту една основа. Со овој интензитет и динамика ќе продолжиме и понатаму, заради тоа што нашите граѓани, нашата држава заслужува да има спремен и модерен здравствен систем, а нашите граѓани место кадешто од врвни експерти ќе добијат врвна здравствена услуга- посочи министерот Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот