Струга ќе игра против Есперанж во Скопје на ФФМ Тренинг центарот

фото: F.C. Struga

Претходно актуелниот македонски шампион Струга Трим Лум објави дека првиот натпревар од третото квалификациско коло од Конференциската лига против Есперанж од Луксембург ќе го игра во Скопје на 10 август од 17.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“.

Но, на официјалниот сајт на УЕФА стои дека двете екипи нема да играат на арената, туку на ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Оваа одлука доаѓа поради лошата состојба на теренот на арената „Тодор Проески“, а тоа најдобро и се виде на натпреварот од Конференциската лига помеѓу Шкупи и Левски, на што се пожалија и Бугарите.

Арената „Тодор Проески“ се затвора до 9 септември кога македонската А репрезентација треба да ја пречека Италија во рамките од квалификациите за Европското првенство 2024.

Претстојниот викенд почнува и новата сезона во Првата лига, и овој месец ниту еден клуб нема да може да игра на нашиот најголем стадион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот