Столтенберг: С. Македонија е опкружена со 29 пријатели и сојузници и претставува сигурен извозник на безбедност

Јенс Столтенберг/ Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET / POOL

Северна Македонија е вреден сојузник на НАТО, нагласува генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во честитката за, како што вели, успешната прва година на Северна Македонија во Алијансата.

Во видео обраќањето по повод годишнината, Столтенберг, истакна дека Северна Македонија е суверена земја во силната Алијанса, со свое место на масата на НАТО и еднаков глас во обликувањето на одлуките.

– Тоа е крај на едно патување поплочено со храброст и одлучност, што ја постави Северна Македонија на патот на стабилноста и просперитетот, опкружена со 29 пријатели и сојузници, а тоа е добро за граѓаните на Северна Македонија, за регионалната безбедност и за трансатлантската безбедност, вели Столтенберг, соопштија денеска од Министерството за одбрана (МО).

Нарекувајќи ја Северна Македонија сигурен извозник на безбедност, генералниот секретар го поздравил учеството на припадниците на Армијата во мисиите на НАТО.

– Заедно со министерката за одбрана Радмила Шекеринска ги запознав вашите специјални единици кои се обучуваа во Скопје. Ги запознав и вашите високо професионални храбри трупи кои се борат против меѓународниот тероризам кога го посетив Кабул. Северна Македонија е сигурен извозник на безбедност, рекол Столтенберг.

Тој го поздрави планот за инвестирање на два процента од БДП во одбраната.

– НАТО помага во создавањето на стабилност што е темел на економскиот раст, додал тој, се наведува во соопштението од МО.

Генералниот секретар на Алијансата се осврна и на солидарноста на НАТО во услови на пандемија, на новите безбедносни закани и најавил дека на следниот Самит на НАТО ќе биде поставена амбициозна агенда за иднината на Алијансата преку иницијативата за НАТО до 2030 година.

– Во овие неизвесни времиња, уште поважно е да имате пријатели и сојузници. Затоа, честитки уште еднаш на Северна Македонија за успешната прва година. Ви благодариме за континуираниот придонес на нашата заедничка безбедност. И благодариме на Канцеларијата за врски на НАТО за целата нивна помош и поддршка низ годините. Заедно стоиме, 30 сојузници на број. Заедно продолжуваме да ја гарантираме безбедноста на нашите граѓани, заклучил Столтенберг, соопштија од МО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот