Стојановска: Седницата на Судски совет е преседан и реприза на она што се случи на 27 април пред шест години

Дафина Јованоска-Стојановска
Дафина Јованоска-Стојановска / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ вчерашната седница на Судскиот совет ја коментираше како „реприза“ на тоа што се случи на 27 април пред шест години.

-Она што се случи вчера во Судскиот совет е преседан и реприза на она што се случи на 27 април пред шест години во ова Собрание кога му се презеде столчето на Трајко Вељаноски, кој во 18 часот ја заврши седницата, изјави Стојановска.

Таа вели дека власта реагира кога ќе го почувствува насилството на свој грб и затоа немаат никаков сочувство.

-Ја презедоа неговата улога, си ја продолжија седницата и од ден денеска ние така функционираме – насилно. Кога насилството ќе го почувствуваат на својот грб овие денес што се на власт тие тогаш реагираат. Затоа немаме никакво сочувство за нив, рече Стојановска

Пратеникот Мартин Костовски од СДСМ не сакаше да ги коментира случувањата во Судскиот совет, но рече дека таквото однесување е негативно.

-Републичкиот Судски совет е независна институција и мислам дека прашањето за оваа ситуација треба да го поставите таму. Јас сум пратеник од СДСМ и не сакам да навлегувам во коментирање и анализа на едно независно тело, рече пратеникот Костовски.

Ние, додаде тој, правиме се во овие изминати години колку сме на власт да може и во пракса граѓаните да почувствуваат што значат европски манири, навики и однесување.

-Лично како Мартин Костоски можам да го оценам како негативно таквото однесување, меѓутоа за подетални информации ќе мора да прашате во ова независно судско тело, рече пратеникот.

Пратеникот од БЕСА Фадил Зендели вели дека тоа што се случува во Судскиот совет е скандалозно и дека се случува под влијание на власта.

-Целава работа е од кои причини и кои политички влијанија ова се случува. Се гледаше дека не е во согласност со одредбите како функционира оваа институција, рече пратеникот Фадил Зендели од Беса. Тој смета дека тоа се случило за да се одбранат судиите кои длабоко се во служба на политиката.

Одредени судии, како што вели Зендели, особено во Апелациониот суд си земаат право да амнестираат високи функционери од минатото под политички притисок.

-Тоа не смее да се случува а се повторува, вели пратеникот посочувајќи дека тоа се случува под влијание на власта.

Правосудството, смета Зендели, треба целосно да се реформира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот