Стоичков за крај на сезоната во Шпанија: Барса шампион!

twitter/BleacherReport

Поранешниот фудбалер на Барселона смета би требало веднаш да се прогласи крај на шпанската „Ла Лига“ поради пандемијата на коронавирусот.

Христо Стоичков кој исто така го поминува овој период во домашна изолација поради опасната зараза, има предлог кога и како да заврши сезоната во најсилното шпанско првенство што овие денови е актуелна тема.

Поранешниот фудбалер на Барселона, Христо Стоичков смета би требало веднаш да се прогласи крај на шпанската „Ла Лига“ поради пандемијата на коронавирусот.

– Доколку ја видиме ситуацијата, земајќи ги во предвид натпреварите кои се одиграни, би било најдобро сега да заврши сезоната во „Ла Лига“ според моменталниот пласман. Воедно да нема испаѓање, два тима од Сегунда да влезат во елитата и од наредната сезона да имаме 22 екипи – рече Бугаринот Стоичков.

До прекинот на сезоната Барса водеше со само два бода предност во однос на најголемиот ривал Реал Мадрид, а според сегашната табела во „Сегунда“, екипите на Кадиз и Сарагоса автоматски би обезбедиле настап во елитниот ранг.

Стоичков своевремено како професионален фудбалер успеа петпати да биде шампион на Шпанија со каталонскиот гигант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот