Статистика на „Еуростат“ за ЕУ: Најмногу се крадат автомобили во Луксембург и Грција, најмалку во Данска

Крадец / Фото: Профимедиа

Годишниот просек на украдени автомобили во периодот од 2015 до 2017 година изнесува 697.000 возила. Забележано е намалување на крадење на возила за 29 отсто, во споредба со периодот од 2008 до 2010 година кога годишниот просек изнесувал 983.000 возила, пренесе „Еуростат“.

Во периодот меѓу 2008 до 2017 година забележано е намалување на крадење на автомобили кај поголемиот дел од членките на ЕУ.

Во просек, во периодот меѓу 2015 и 2017 година, најмногу кражби имало во Луксембург (328 кражби на 100.000 жители), потоа следува Грција (269), Италија (257), Шведска (256), Франција (247) и Чешка (238).

Според податоците на Еуростат, најмалку кражби се забележани во Словачка и Естонија (31 на 100.000 жители), Хрватска (20), Романија (15) и Данска (4).

Фото: Еуростат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот