Стар рецепт за највкусниот десерт: Неодоливата кремпита

Фото: F_A Flickr

Наш предлог за уживање во некој вкусен десерт во зимските вечери е – кремпита. Вкусна и слатка, ќе ги задоволи сите ваши копнежи по благо.

Состојки:

– 2 јајца
– 3 лажици шеќер
– 3 лажици брашно (рамни лажици)
– 1 лажица маслиново масло

За кремот:

– готов крем за кремпити
– 800 мл млеко

За украсување:

– 2 ќесички шлаг

Фото: Wikimedia Commons

Подготовка:

Јајцата изматете ги заедно со шеќерот, додадете брашно и масло и изедначете ги. Смесата сипете ја во плех 30х20 см. Печете на 200 степени Целзиусови, околу 15-20 минути.

Во меѓувреме, сипете ја смесата со кремот во длабок сад и изматете со миксер, додајте го млекото и промешајте според упатството.

Испечениот колач прелијте го со кремот и израмнете. Изматете го шлагот и украсете го колачот.
Кремпитата е готова за неколку минути.

Фото: Leonardo Luz / Pexels

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот