Српските активисти порачуваат: Барањата остануваат исти – ако се исполнат, ќе славиме

Протестни блокади во Србија / 4 декември 2021 / фото: Твитер

Претставникот на движењето „Движи-промени”, Саво Манојловиќ најави дека откажувањето од измените на Законот за референдум и повлекувањето на Законот за експропријација остануваат услов за прекин на еколошките протести кои ги блокираа патиштата во Србија последните две саботи.

Манојловиќ на Твитер објави три опции за најавените еколошки протести, во зависност од тоа што ќе одлучи владата.

– Доколку не се исполнат две барања – блокада на автопатишта три часа; Доколку исполнат едно барање – блокадата на автопатот трае еден час; Ако ги исполнат двете барања – ќе славиме на градските плоштади, без блокади на автопатиштата, напиша тој.

Претходно претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека е најдено решение за Законот за експропријација и дека ќе го соопшти вечерва во 18 часот.

Владата на Србија во пресрет на обраќањето на Вучиќ соопшти дека Вучиќ го вратил Законот во Собранието, а Владата го повлекува од процедура. Најавени се и измени на Законот за референдум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот