Победа на демонстрантите во Србија, Вучиќ ги повлече законите за експропријација и референдум

Александар Вучиќ / фото: ЕПА/ЕФЕ

Владата на Република Србија на вечерашната седница донесе одлука за повлекување на Законот за експропријација од собраниска процедура, кој беше вратен во Собранието на Србија на повторно разгледување од претседателот Александар Вучиќ.

Најавите за измени во двете законски решенија предизвикаа големи протести во целата земја во изминатите недели.

Српската влада ќе направи анализи дали се неопходни измени и дополнувања на Законот за експропријација и доколку се утврди дека треба да се промени Законот, тоа ќе го направи со широка јавна расправа во која ќе се вклучи стручната јавност, професионалните здруженија, претставници од стопанството и граѓанското општество, се наведува во соопштението од владата.

На истата седница, српската влада му предложи на парламентот измени и дополнување на Законот за референдум и народната иницијатива, во членовите 7, 20, 43 и 44. Наведените членови се однесуваат на заверка на потписи, претставници на овластениот предлагач на органот за спроведување на референдумот и на рокот за распишување на референдум.

Со владиниот предлог се укинува таксата за проверка на потписите, а се овозможува и претставниците на овластените предлагачи да бидат дел од органот за спроведување на референдумот.

Исто така, според предлогот, нема да може да се распише референдум за истото прашање во рок од четири години, а Собранието на Србија во рок од четири години нема да може да донесе одлука различна од онаа потврдена на референдумот, се додава во соопштението.

Претседателот Вучиќ најави дека вечерва во обраќањето до јавноста ќе говори за овие закони, како и за протестите што се одржуваат две саботи по ред.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот