Српската и кинеската полиција изведоа заедничка показна вежба

Фото: Илустрација/МВР Србија

Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија и специјалните полициски единици на Министерството за јавна безбедност на Кина денеска одржаа заедничка показна вежба.

На вежбата присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, кинескиот амбасадор во Србија Чен Бо и директорот на БИА Братислав Гашиќ.

Се работи за показна тактичка вежба за управување со кризна ситуација, создадена како резултат на терористички акт чија цел е приказ на обученоста и подготвеноста за извршување на најсложени безбедносни задачи.

Во вежбата, во која ќе биде прикажано совладување и онеспособување на терористите и ослободување на заложници, учествуваат 180 припадници, 20 возила со различна употреба и три хеликоптери.

Своите вештини и способности ги покажуваат членови на специјалните полициски единици од провинцијата Хенан во Кина и членовите на српската специјална антитерористичка единица, жандармеријата, хеликоптерската единица, преговарачкиот тим на МВР и Управата на криминалистичката полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот