Средба на Груби со претседателот на албанскиот Парламент

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска во Тирана се сретна и со претседателот на албанското Собрание, Грамоз Ручи со кого разговараше за актуелните настани во двете земји, како и за активностите предвидени во наредниот период на патот кон европската интеграција.

Двајцата соговорници, како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот, заклучиле дека треба да ја зајакнат соработката на повисоко ниво.

Груби истакнал дека двете држави имаат одлични билатерални односи и посочил дека Владата на РСМ е систематски посветена на добрососедската политика и побрзата интеграција во ЕУ.

– Двајцата соговорници се согласија дека прецизната дефиниција на населението што живее во Република Северна Македонија ќе влијае на проширување на пристапот до регионален развој подеднакво, подобри јавни услуги, пропорционална распределба на буџетот и застапеност, повисоко институционална застапеност, вклучувајќи ја позицијата на претседателот на собранието и позицијата на првиот вицепремиер, се наведува во соопштението.

На средбата било нагласено дека двете земји имаат заеднички интереси во повеќе области и во овој контекст биле посочени економските, инфраструктурните и енергетските проекти, како што е изградбата на автопатот Ќафасан – Елбасан како дел од Коридорот 8, автопатот Елбасан – Дебар и железничката пруга меѓу двете земји.

Претседателот на албанскиот Парламент, како што стои во соопштението, истакнал дека е важно албанските политички партии во Северна Македонија да имаат унифицирани ставови за заедничките прашања на Албанците, вклучително и за процесот на попис, како проект од големо значење за државата и регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот