Средба Маричиќ – Ѓонај во Тирана: Делиме заедничка визија за развиен регион

фото Mia.com.mk

Министерот за правда Бојан Маричиќ во Тирана оствари работна средба со албанската министерка за правда Етилда Ѓонај, на која, како што информираат присуствувал и заменик-министерот за правда Агим Нухиу, а се разговарало за продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на правдата.

Дополнително, се вели во соопштението, на средбата се дискутираше и за европските интеграции на двете земји, имајќи предвид дека Северна Македонија и Албанија се во иста позиција кога станува збор за европскиот пат.

-И покрај тоа што двете земји се разочарани од неносењето одлука за почеток на преговорите со ЕУ, постои надеж дека за време на словенечкото претседателство работите ќе се променат и дека конечно ќе почнат преговорите. Во меѓувреме ние мораме да ја развиваме регионалната и билатералната соработка. Постои простор за дополнително продлабочување на односите во секторите со кои раководиме, односно правдата, порача Маричиќ, се вели во соопштението.

Маричиќ, ја покани својата албанска колешка во возвратна посета на Скопје.

За време на престојот во Тирана Маричиќ оствари средба и со македонскиот пратеник во албанскиот Парламент Васил Стерјовски, а предвидено е во текот на денот да го посети и Македонскиот културен центар во Тирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот