Средба Блинкен – Трудо

Блинкен Трудо фото Миа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен престојува во дводневна посета на Канада, каде синоќа во Отава имаше средба со канадскиот премиер Џастин Трудо. На средбата се дискутираше за блиската соработка меѓу САД и Канада за разни прашања и заедничкиот прогрес кон целите претставени во Патна карта за обновено американско-канадско партнерство.

Како што соопштија од Стејт департментот, „секретарот Блинкен е задоволен од можноста да разговара со премиерот Трудо за продолжителната поддршка за Украина и Хаити, и соработката во индиско-тихоокенаксиот регион”.

-Државниот секретар исто така нотираше дека САД се задоволни од нашата тесна соработка за јакнење на конкуренцијата во Северна Америка, промоција на инклузивна економска обнова, продлабочување на економската интеграција и унапредување на различноста и вклученоста, изјави портпаролот Нед Прајс.

Блинкен ја истакнал и важноста од инвестиции во континенталната одбрана и безбедност вклучувајќи го и Арктикот, и напорот за ангажаман околу борбата со климатските промени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот