Србите ќе и продаваат мед и сончоглед на Кина

EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Министерката за земјоделство Јелена Танасковиќ неодамна потпиша протокол во Кина за извоз на мед во таа земја, по процесот на усогласување на ветеринарните сертификати, соопштија од Сојузот на пчелари. Сега следува одобрување на капацитети за извоз на мед што го врши Ветеринарната управа на Министерството за земјоделство согласно барањата од Кина.

– На Кина сигурно и континуирано можеме да и понудиме багремов мед. Кина има голем број богати граѓани кои се подготвени да платат за квалитетна храна. Не само мед, туку и месо, млечни производи… На кинескиот пазар секако расте побарувачката за премиум храна – велат производителите. Кина веќе увезува мед од многу земји – Русија, Нов Зеланд.

– Србија сигурно има само багремов мед за постојан извоз. Следен е сончогледот кој го произведува во променливи количини. Така што за сериозен пазар, каков што е Кина, можеме да понудиме само багремов мед – објаснија од Сојузот на српските пчелари. Неодамна Европската комисија (ЕК) за прв пат изврши сериозна проверка и објави дека повеќе од 50 отсто од увезениот мед на пазарот е лажен. Во Србија, околу 40 отсто од медот е лажен, што е и успех бидејќи во 2016 година имаше 95 отсто таков мед, додека Европа имаше само околу 10 отсто, објави Политика рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот