Србија влезе во деветтото поглавје од преговорите за да стане членка на ЕУ

Србија денеска го отвори 9-то поглавје кое се однесува на финансиските услуги, на меѓувладината конференција Србија-ЕУ во Брисел.

Српската министерка за евроинтеграција, Јадранка Јоксимовиќ по отворањето поглавјето и по потпишувањето на претпристапната помош ИПА 2018 во вредност од 179,1 милион евра оцени дека Србија не може да биде незадоволна од постигнатото.

„Не губиме чекор ниту здив во пристапниот процес. Не сите вести од регионот се сјајни кога се во прашање пристапниот процес и политиката на проширување. Мислам дека Србија не може да биде незадоволна“, порача Јоксимовиќ во Брисел, пренесе српската новинска агенција „Танјуг“.

Јоксимовиќ нагласи дека отворањето на ова поглавје ќе придонесе кон натамошно обезбедување на сигурен и ефикасен финансиски систем во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот