Србија прогласи хрватски дипломат за персона нон грата

Министерството за надворешни работи на Србија донесе одлука Хрвој Шнајдер, првиот секретар во Хрватската амбасада во Белград да го прогласи за персона нон грата.
Одлуката за прогласување на Шнајдер за персона нон грата е донесена во согласност со членот 9 од Виенската конвенција со кој се регулираат дипломатско-конзуларните односи, објавено е на веб-страницата на ресорното министерство.
„За време на неговиот професионален ангажман во Република Србија, Шнајдер грубо излезе од опсегот на дипломатските норми и ја прекрши гореспоменатата Конвенција. Во оваа прилика му беше врачена дипломатска нота на хрватскиот амбасадор Хидает Бишчевиќ“, се додава во соопштението.
Како што наведуваат, министерството изразува жалење за однесувањето на споменатиот дипломат во изминатиот период, што не придонесува за подобрување на билатералните односи меѓу Србија и Хрватска, за добрососедска соработка и севкупно подигнување на нивото на мирот и стабилноста во регионот. .
Во соопштението, Министерството изразува и очекување Србија и Хрватска да работат заедно на градење меѓусебна доверба, со цел остварување на заедничка европска иднина.