Србија ги олеснува мерките: Одобрени се матури и прослави, стадионите повторно ќе имаат публика

Guests dance at a wedding party in the home of a relative of the groom in western Tehran, May 28, 2020. Iranians living in the city of Tehran moved slowly from a life in the home quarantine to their normal social life as they believe that the new coronavirus (COVID-19) to be weakening in the summer and won't be no longer as dangerous as it was during three months ago. Tehran, IRAN-5/28/2020. MORTEZA NIKOUBAZL/SIPA//NIKOUBAZL_0304.1355/2006011141/Credit:MORTEZA NIKOUBAZL/SIPA/2006011149,Image: 524734870, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no

Српскиот Кризен штаб за борба против коронавирусот денеска донесе одлука за ново релаксирање на мерките поврзани со продолжување на работното време на продавниците и рестораните. Овозможено е и присуство на публика на спортски натпревари, а бројот на граѓани кои можат да се соберат на отворен или затворен простор е зголемен на 500 лица, јави дописникот на МИА од Белград.

Членот на кризниот штаб, Зоран Гојковиќ изјави дека е заклучено дека епидемиолошката состојба во Србија во моментов е стабилна и дека подолго време има стагнација и константен број на новозаразени лица.

Поради тоа, Кризниот штаб и препорача на Владата да ги релаксира мерките во следниве области:

1) Сите продавници и сите продавници за малопродажба можат да работат во редовното работно време од 0 до 24 часа, нема повеќе ограничувања за работењето на објектите.

2) Сите угостителски објекти на отворено можат да работат неограничено. Работното време на објектите во затворен простор се продолжува до 01 часот по полноќ, со сите анти-епидемиски мерки што беа пропишани досега. Музиката е одобрена и во угостителските објекти.

3) Се препорачува да се дозволи присуство на публика на стадионите на сите спортски настани, со капацитет на отворените терени до 50 отсто од капацитетот, а во затворени простории до 30 отсто.

4) Се дозволува собирање на 500 луѓе и на отворено и на затворено.

5) Матурските свечености се дозволени со услов да не можат да се соберат повеќе од 500 луѓе во затворено. Опуштањето на мерките се однесува и на рекреативната настава за учениците од основно училиште, средношколците и високото образование, а ќе бидат можни и екскурзии во рамките на воннаставните активности. об/ссм/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот