Спречени два пожари во кавадаречко

Пожар во кавадаречко/Фото: Фејсбук

Спречени се два пожара попладнево во Кавадаречко, информираа од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

– По пријава од ИГМ Трејд, веднаш е интервенирано од страна на ТППЕ Кавадарци и спречен е голем пожар во една од халите на компанијата. Запалена е инсталација на една од машините. Интервенирано е со двајца пожарникари и еден противпожарен камион, соопштија од кабинетот на градоначалникот.

Поголема штета била спречена и во кавадаречкото село Возарци.

– Запалена дрвена бандера во село Возарци. За среќа , спречена е поголема штета благодарение на полицаецот Ристе Илов, кој интервенирал и ја повикал службата на ТППЕ Кавадарци, се наведува во информацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот