Спречен шверц на апарати за игри на среќа

Фото: Царинска управа

Девет апарати за игри на среќа, како и 405 делови за одржување, биле запленети откако увозник се обидел да ги прошверцува помеѓу пријавена стока за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија.

Апаратите заедно со деловите за одржување биле откриени при детална контрола од страна на Мобилен тим на Секторот за контрола и истраги.

Фото: Царинска управа

Против фирмата увозник на опрема за казина и автомат клубови биле поднесени соодветни пријави заради прекршување на царинските регулативи.

Од Царинската управа велат дека во рамки на своите надлежности континуирано преземаат активности за спречување на шверц и сива економија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот