8 C
Скопје

Спасовски: Следува и годишна поддршка за земјоделството и руралниот развој од 200 милиони евра

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, попладнево е на средби во Чучер Сандево.

На средбите се разговара за политиките на рамномерен регионален развој изминативе три години, што носат бенефит за жителите во градските и во селските средини.

-Силно сме посветени на рамномерниот регионален развој на градските и на руралните средини и на развивање на стопанските дејности во регионите. Во Чучер Сандево најразвиена стопанска гранка е земјоделството. Голем дел од вас се занимаат овде со земјоделство и да знаете кога велиме нова развојна економија, мислиме и на модерно, европско земјоделство. Во Програмата се обврзуваме на годишна финансиска поддршка од 200 милиони евра, за земјоделството и руралниот развој. Се обврзуваме на целосно бесплатна, 100-проценти субвенционирана зелена нафта, за сите земјоделци, до крајот на мандатот (до 2024 година). Се обврзуваме на двојно повеќе пари за поврат на персоналниот данок за земјоделците, да продолжиме по правиот пат- рече Спасовски.

Прочитајте и...  Жестока дебата - Жерновски кон Јанушев: Мицкоски пет дена се крие за лагата дека во Софија ни се распарчува државата

Тој нагласи дека европските перспективи што ги отворивме носат сигурна иднина и повеќе пари за граѓаните на нашата држава, а со тоа и на земјоделците.

-По НАТО членството, од вчера испишуваме нова историја кон ЕУ, бидејќи ЕК го утврди предлогот за преговарачката рамка за преговори за членство и го достави до државите на Унијата. Европските перспективи носат развој на сите области. Со отворањето на поглавјата – 2.5 милијарди евра од европските фондови ќе бидат достапни за новата развојна економија, за зелена нафта за земјоделство, за конкурентност, за капитални инвестиции, канализации, патишта, водоводи. Продолжуваме по правиот пат, со грижа за сите, во Едно општество за сите, во сигурна држава членка на НАТО и идна членка на ЕУ. И ќе има и современо европско земјоделство во Македонија- рече Спасовски.

Прочитајте и...  Во Грција 100 починати од Ковид-19 и 1.882 новозаразени

На средбите се разговараше и за сработеното во изминативе три години.

-Ние за овие три години овозможуваме вкупна, директна и индиректна поддршка во земјоделството во историски рекорден износ од над 430 милиони евра. Поддршката за проектот Млад земјоделец ја зголемивме од 10.000 на 20.000 евра. Ја воведовме зелената нафта. 200 милиони денари завршија кај 55.000 земјоделци. Субвенциите се поголеми, редовните, ги исплативме и заостанатите субвенции од времето на режимската власт, којашто ве делеше, потценуваше, уценуваше за државни пари што ви следуваат по закон. Обновата на режимот е опасност, коалицијата Можеме обезбедува сигурна иднина за сите, затоа да заокружиме број 3 на изборите на 15.јули- повика Спасовски во Чучер Сандево.

Поврзани вести

Некој го прекрстил Царот Лазар во Јован Милостив на фрескоживописот во Свети Јоаким Осоговски

И.И.

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2021 година се сведува на расфрлање на пари за непродуктивни цели

Слободен печат

САД воведоа санкции кон иранската група Шахид Меисами

И.И.

ВИДЕО+ФОТО: Чешка повторно ги отвори баровите, рестораните и продавниците

Слободен печат

Жестока дебата – Жерновски кон Јанушев: Мицкоски пет дена се крие за лагата дека во Софија ни се распарчува државата

Слободен печат

Жерновски: Правиме сè за да не дојде до вето, не знам до каде е спремна да оди бугарската страна

Слободен печат

Остави Коментар