Спасовски: Шансите за успех на младите во родната земја им се на дланка
Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовскки попладнево е на средби во општината Ѓорче Петров.
-Jа намаливме за 13.3 проценти младинската невработеност во последниве три години. Отворивме многу можности за младите посебно со проектот Младинска гаранција преку којшто само во 2020 година, само во првите 6 месеци, до 30 јуни се вработени 2.431 млад човек. Во 2019 преку Младинската ганарција се вработиле 6.036 млади луѓе, во 2018 година – 1.923 лица. Активните мерки за вработување во коишто влегуваат и разни добиени грантови, обуки, ИТ вештини, помогнаа на 14.000 млади до 29 години да најдат работа, да се обучат, да се дообразуваат соодветно, според побарувањата на пазарот на трудот- порача во селото Никиштани, носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски кој со жителите зборуваше за шансите што ги отвораме за младите луѓе да се мотивирани да живеат, учат и работат во родната земја.
Со поддршката, потенцираше тој, што ја предвидуваме во следните 4 години за домашните и странски инвестиции од 600 милиони евра и странските инвестиции од една милијарда евра базирани на орджливост и иновации, огромни потецијали се отвораат за нови вработувања и повискоки плати за младите.
-Градиме иновативна држава, дигитализирана Македонија, праведна, правична и еко држава. Шансите за успех на младите дома се на дланка, да ги поддржиме со тоа што ќе избереме сигурна иднина. На изборите на 15 јули да го заокружиме бројот 3 на гласачкото ливче, повика Спасовски во селото Никиштани во скопската општина Ѓорче Петров.