Спасовски: Насилниците од „27 април“ не смеат да се нарекуваат уставобранители

Екс-министерот за внатрешни работи и член на СДСМ, Оливер Спасовски порача дека настаните од 27 април 2017 се најцрниот датум во историјата на македонската демократија и посочи дека не смее да се заборави, ниту повтори.

Како што кажа денеска Спасовски од пред Собранието, на тој ден имаше план да се убијат пратеници, новинари и стручни служби во Парламентот.

За Спасовски, не смее да се дозволи насилниците да се нарекуваат уставобранители, ниту да бидат помилувани или да им биде простено за стореното.

-Десничарскиот режим во тоа време направи удар врз државата и демократијата. Неказнивоста раѓа и нови настани и дела. Оние кои што насилно влегле во Собранието, мора да сносат одговорност, кажа носителот во Втората изборна единица на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот