Спасовски, Филипче, Османи и Шекеринска на онлајн видеосесија КОВИД-19: „Прашања и одговори: Ретроспектива коронавирус МК”

Владата денеска во 13:30 часот, преку онлајн стрим организира прес- видеосесија КОВИД-19, на тема „Ретроспектива: коронавирус МК” на која ќе се обратат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за здравство, Венко Филипче.

Министерот за здравство Филипче ќе направи ретроспектива на здравствените мерки и организација на здравствениот систем, министерката Шекеринска ќе зборува за помошта што Армијата ја пружа во справување со коронавирусот, вицепремиерит Османи ќе зборува за меѓународната помош и донациите, додека премиерот Спасовски за ќе направи ретроспектива на економските мерки и осврт на целокуната поставеност на Владата за време на борбата со кризата, по што ќе следуваат прашања од страна на новинарите.

Вториот дел ќе биде посветен на локалниот опфат и тоа Спасовски ќе зборува за Куманово, Шекеринска за Дебар Османи за Тетово, а Филипче за Скопје и други потенцијални жаришта. И по овој дел ќе следува  отворена сесија на прашања од страна на новинарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот