11 C
Скопје

Спасовски: Членството во НАТО, води кон економски раст и повисок животен стандард

Безбедносното партнерство низ потесна заедничка соработка има примарна задача да ги зачува и да овозможи развој на општествените и пошироките цивилизациски стандарди и вредности што ги споделуваат заедниците, истакна вице-премиерот и министер во Министерството за внатрешни работи во македонската Влада Оливер Спасовски на вечерашната тематска средба „Безбедносни придобивки и предизвици за Северна Македонија од членството во НАТО” што се одржа во Битола.

Според министерот Спасовски, во овој момент за државата не постои нити една реална опиплива опција во поглед на обезбедување долгорочна стабилност и сигурност на државата, освен патот кон целосно евроатлантско членство.

-Северна Македонија е респектабилен партнер на Алијансата и ние целосно ги споделуваме сите предизвици што стојат пред алијансата. Во сите наши досегашни активности во изминативе две-три години, и како Влада и како МВР, токму во безбедносната сфера презедовме низа активности, отпочнувајќи ја целосната реформа во овој сектор. Притоа, делумно бевме мотивирани од внатрешно-општествените реалности, но и заради воспоставување на стандарди што ќе бидат во корелација со оние од државите членки на НАТО и што се дел од оној битен политички концепт што НАТО алијансата го фундира како нужен критериум за рамноправно членство, посочи Спасовски.

Прочитајте и...  Нови 3.995 случаи на ковид-19 во Хрватска, починаа 68 лица

Пред аудиториумот во Битола, министерот Спасовски потсети на ефектите од донесените Закони за ОТА и АНБ, реформите во министерството и други мерки кои како што рече беа суштински исчекор во хармонизацијата на регулативата и практичното делување во областа на безбедноста, соодветни на НАТО стандардите.

-Тој процес ќе добие уште поголем интензитет затоа што самото членување во НАТО не треба да се гледа само како своевидна безбедносна гаранција, туку и како силени далеку поширок општествен стимул за системско реформирање и генерално подигање на сите релевантни стандарди на општественото живеење и функционирање.

Членството во НАТО, рече Спасовски, на внатрешен план ќе ги унапреди демократските реформи, сигурност и стабилност, владеење на правото и економска привлечност за инвестициски активности, а тоа само по себе води кон економски раст и повисок животен стандард за граѓаните.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Синот на познатиот политичар објави емотивно видео: Амди Бајрам плаче додека му пее Шериф Коњевиќ!

На интерактивната дебата на тема „Безбедносни придобивки и предизвици за Северна Македонија од членството во НАТО” холандскиот амбасадор во земјава Дирк Јан Коп нагласи дека сигурноста и просперитетот одат рака под рака, и не е можна безбедност без просперитет, нити просперитет или напредок без безбедност.

-Зборуваме за проширување на нашата безбедност и за нашиот просперитет затоа што сме убедени дека безбедноста и напредокот треба да стигнат до секого во Европа и во таа смисла мислам дека сега се наоѓаме во завршна фаза од тој процес. РСМ ќе стане членка на НАТО затоа што државата припаѓа на НАТО од историски, од културолошки и економски аспект. Но, слободно можам да речам дека блиско е и зачленувањето во Европската Унија со што освен безбедноста ќе се зголеми и бројот на странски инвестиции, истакна амбасадорот Јан Коп и најави дека следната година на Охридско Езеро специјална вежба ќе изведе Кралската маринска единица со што уште еднаш ќе се потврди нашето добредојде за вас во НАТО.

Прочитајте и...  Мерките за заштита од ковид-19 ги „заштитија“ и контејнерите во Скопје?!

Престојот на НАТО карванот во Битола го организираше граѓанската асоцијација МОСТ и со поддршка на Сектор за јавна дипломатија на НАТО, Министерство за надворешни работи на Кралство Холандија, Британска амбасада во Скопје и македонското Министерство за надворешни работи.

Поврзани вести

Османи: Имаме поддршка од сите земји членки на ЕУ, останува прашањето со Бугарија

Слободен печат

Петмина повредени во сообраќајка кај Струмица

МИА Агенција

ВО ЖИВО: Изјава на министерот Филипче и д-р Грозданова

Слободен печат

Фаучи се извини за изјавата дека британските власти прерано ја одобриле вакцината против ковид-19

Слободен печат

Макпетрол совети за возачите – што сѐ влијае на потрошувачката на гориво

СП.

Градските власти исчистија под Кале, се заканија со казни, па заборавија

Остави Коментар