Советникот на Додик го откри потеклото на поклонот на Лавров

Советникот на Додик,Радован Ковачевиќ,  го откри потеклото на поклонот на рускиот министер Сергеј Лаворв. Тој денес изјави дека е потребно да се започне од почеток и да се објасни за што станува збор кога е во прашање поклонетата икона на шефот на руската дипломатија.

„;Иконата беше во приватна сопственост на семејство од Бања Лука, која ја имала повеќе од 15 години. Тие посакаа иконата да му биде подарена на Лавров“, рече Ковачевиќ како гостин во дневниокот на  РТС.

 

Украинците реагираат на подарокот на Додик за Лавров: Станува збор за икона во сопственост на Украина

Тој,  за позлатената икона која е стара 300 години,  посочи дека тука е и прашањето за вредноста на самата икона.

„Се разбира, иконата има сентиментална вредност, како и вредност заснована на фактот дека цтанува збор за православна икона која е осветена, но нема значителна материјална вредност“, рече Ковачевиќ.

Тој изјави дека е многу важно лесно да се провери на Интернет, каде што, како што вели, има многу од нив по цена од 100 до 200 евра. Тој наведува дека извршиле увид и дека нема никаква потрага по спорната икона и ја нема во ниту една евиденција.

„Верувам дека јавноста знае дека постои база на податоци на Интерпол, која датира од 1951 година, значи по Втората светска војна, кога беа украдени и барани голем број уметнички дела. Постои една база на податоци, која е многу детална и содржи илјадници артефакти на БиХ, но секако оваа икона ја нема “, рече Ковачевиќ.

Тој вели дека таа никогаш на било кој начин не претставувала културно наследство или било што друго.

„Значи, тоа е нешто, што е многу важно. Не станува збор за никакво културно богатство или што  било друго. Овие се најобични шпекулации, за кои никој не понуди било каков доказ, но намерата беше целосно и јасно политичка“ , заклучи Ковачевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот