Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и Марин се што прават е во насока на бавно труење на скопјани и аеродромци

„Зимата уште не дојдена, Аеродром се гуши. Секоја вечер нивото на загаденост на воздухот е 4 – 5 пати над дозволеното, ова се податоци кои ги покажува мерната станица во Лисиче. Златко Марин и Петре Шилегов кои дојдоа на власта, јавајќи на бранот дека ќе го намалат загадувањето на воздухот и ќе го подобрат неговиот квалитет, три години ништо не направија.

Нема нови зелени површини, нема инвестиции во енергетски ефикасни објекти во ниту една општина на територија на град Скопје, како што првично беше ветувано, нема ниту еден проект за подобрување на квалитетот на воздухот.

Ситуацијата ја влошуваат дивите депонии, кои ги има на секаде, а за кои градот, иако признава дека се проблем, ништо не прави за да ги дислоцира. Шилегов и Марин се што прават е во насока на бавно труење на скопјани и аеродромци.

Шилегов и Марин стоеја позади Заев кога тој ветуваше чист воздух за Аеродром, викаше на цел глас, ајро, ајро, чист воздух за Аеродром. А сега наместо чист воздух аеродромци дишат смрт. Затоа потребна е одговорност.“, соопштија од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот