Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот

Бројот на жртви од Ковид-19 во Италија се искачи на над 2.000.

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 179.890 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 7.098, а оздравеле 78.326.

– Бројот на жртви од Ковид-19 во Италија се искачи на над 2.000.

– Единаесет лекари од болница во кипарскиот град Пафос се заразени со новиот коронавирус.

– Во Германија има 1.100 новозаразени, а вкупниот број на болни надмина 6.000.

– Трговијата со оружје во САД бележи невиден пораст во продажбата во последните 11 дена, пишува ЛА Тајмс.

Русија ги затвора границите за странски државјани од среда најмалку до 1 мај.

Канада ги затвори границите за сите странски државјани или странци без дозвола за долг престој.

Аустриан Ерлјанс ги прекина сите летови.

Американскиот институт за алергии и заразни болести објави дека дал прва доза на потенцијална вакцина против коронавирусот на еден волонтер.

Финска прогласи вонредна состојба која ќе трае најмалку до 13 април

СЗО прати милион и половина тестови за коронавирусот во 12 земји во целиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот