Состојба со коронавирусот во светот до 20 часот

САД Ковид-19 криза/ Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Робот почнал да послужува пациенти со коронавирус во болница во Истанбул како мерка за заштита на медицинскиот персонал од епидемијата на Ковид-19. Роботот носи храна, пијалаци и лекови на пациентите.

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.675.006 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 101.483, а оздравеле 371.866 луѓе.

– Во Велика Британија во последните 24 часа починале 980 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи порасна на 8.958. Ова не е само најголем број на починати во еден ден во Британија, туку и повеќе смртни случаи отколку што имаше во најлошите денови ви Италија (919) и Шпанија (950).

– Во Италија во последните 24 часа починале 570 лица, помалку од вчера (610). Исто така и бројот на новозаразени е помал од вчера и изнесува 3.951 за разлика од 4.204. Вкупниот број на починати достигна речиси 19.000, а заразени се речиси 150.000 луѓе.

– Предвременото укинување на мерките за борба против новиот коронавирус може да доведе до повторна појава на пандемијата, предупреди СЗО.

– Португалскиот претседател Марселу Ребелу денеска соопшти дека планира вонредната состојба да ја продолжи до 1 мај. Во земјата има 15.472 заразени и починати 472 луѓе од Ковид-19.

– Вкупниот број на заразени со коронавирусот во Турција достигна 47.029 лица, а 1.006 починале.

– Робот почнал да послужува пациенти со коронавирус во болница во Истанбул како мерка за заштита на медицинскиот персонал од епидемијата на Ковид-19. Роботот носи храна, пијалаци и лекови на пациентите.

– Во изминатото деноноќие во Холандија се регистрирани нови 155 смртни случаи од Ковид-19, со што вкупниот број на жртви надмина 2.500. Заразени се вкупно 23.097 луѓе.

– Во Ирска денеска е продолжена вонредната мерка за забрана за излегување до 5 мај со цел да се забави ширењето на епидемијата на коронавирусот.

– Во Јемен е потврден првиот случај на новиот коронавирус, соопштија денеска здравствените власти во земјата. Случајот е регистриран во источната провинција Хадрамут, а пациентот е во стабилна состојба.

– Продажбата на алкохолните пијалаци со САД се зголемила за 22 проценти во последната недела од март, во споредба со истиот период минатата година.

– Финската Влада ја прифати оставката на Томи Лунема, шеф на агенцијата за итни достави, поради купување на кинески заштитни маски во вредност од еден милион евра, кои се покажале како непогодни за употреба во болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот