Состанок на Советот на ОН: Кина ги повика САД да прекинат со кршење на човековите права

Фото: EPA-EFE/THOMAS PETER / POOL

Кина на состанокот на Советот на Обединетите Нации (ОН) ги повика САД веднаш да „прекинат со кршење на човековите права и да преземат ефикасни мерки за запирање на натамошно влошување на човековите права во земјата“.

Во говорот на 46 заседание на Советот на ОН на кое беше разгледувана состојбата со човековите права во земјите членки, претставникот на Кина истакна дека ситуацијата со човековите права во САД и натаму се влошува, пренесе кинеската медиумска групација ЦМГ.

Тој изрази жалење што американската страна не усвоила најголем дел од препораките што Кина ги доставила до американската Национална ревизија за човекови права.

– Соединетите Американски Држави не презедоа ефикасни мерки за спречување и контрола на коронавирусот, што резултира со губење на стотици илјади животи, но американските политичари избегнуваа одговорност и обвинуваа други. САД спроведуваат т.н. „национализам на вакцини“, трупајќи големи колични на вакцини против ковид-19 што е далеку над потребите за сопственото население, а одбиваат да обезбедат вакцини за другите земји, вклучувајќи ги и своите сојузници, истакна кинескиот претставник.

Кинескиот претставник истакнал, како што пренесува ЦМГ, дека расната дискриминација и полициското насилство во САД и натаму се многу сериозни.

– Сторителите на такво насилство се наоѓаат на слобода, а муслиманите, бегалците и мигрантите се соочуваат со закани, дискриминација и ксенофобични изјави и дела, додаде тој.

Додавајќи дека „американските војници неселективно убиваат и мачат невини луѓе во прекуморските воени операции“, а САД „наметнале еднострани мерки на принуда што сериозно го прекршиле меѓународното право во поедини земји во развој, што довело до сериозно крешење на човековите права и хуманитарни кризи“, кинескиот претставник во Советот на ОН ги повика „САД да преземат конректни мерки за спречување на натамошно влошување на состојбата со човековите права“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот