Состанок на министрите за надворешни работи на НАТО поради руската закана

НАТО / Фото: МИА

Министрите за надворешни работи на НАТО ќе се сретнат денеска во Рига, загрижени поради распоредувањето руски војници во близина на источната украинска граница и мигрантската криза меѓу Белорусија и Полска.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изрази загриженост поради невообичаено високата концентрација на руски војници во близина на Украина во изминатите неколку недели.

Столтенберг во петокот истакна дека руската агресија врз Украина ќе има последици. Тој ја предупреди Русија на „последиците” и „цената што ќе ја плати доколку употреби агресија против Украина” со силите подготвени за борба испратени до границите на земјата.

Карен Донфрид, помошник државен секретар на САД за европски прашања, изјави дека се разгледуваат сите опции како одговор.

Западните земји веќе воведоа санкции кон Русија поради конфликтот во Украина.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот