Сопругот на Селма Хаек за роденден ѝ заби торта во лице (ВИДЕО)

Убавата актерка Селма Хаек пред неколку дена го прослави својот 53 роденден, а таа сè уште плени со  својот сексипил, убавина и совршен изглед.

Таа на својот профил на Инстаграм објави видео од прославата на роденденот и покажа како нејзиниот сопруг, францускиот бизнисмен Франсоа Анри Пино (57) ја „почести“ со убава торта.

На објавената снимка Селма седи пред масата со торта, а нејзиниот сопруг со поддршка на другите гости и го заби лицето во тортата, а потоа веднаш ја бакна.

– Ја сакам оваа мексиканска традиција, но најдобро од сè беше бакнежот. Ти благодарам љубов, најдобар си – напишала актерката со објавата на видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот