Сопругот на Гордана Јанкуловска за нејзиниот престој зад решетки: Храбро се држи, правдата е на нејзина страна

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска пред десетина дена почна да ја издржува четиригодишата затворска казна, по судска пресуда за случајот „Тенк“, а нејзиниот сопруг и адвокат Влатко Илиевски изјави дека таа е добро зад решетките.

-Храбро се држи, знае дека правдата е на нејзина страна, кога тогаш ќе излезе на виделина. Петар е добро и тој е храбро дете, и тој беше предмет на малтретирање уште пред да се роди, во овие две години и повеќе се научи да живее во такви околности, вели сопругот Илиевски во гостувањето во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

Илиевски како адвокат смета дека, во случајот со Јанкуловска грубо биле повредени законите, поточно Законот за извршување на санкции, зошто не и бил даден упатен акт, ниту и била дадена можноста сама да се пријави во затвор.

– Ние не планиравме одлагање, туку достоинствено целиот процес да го завршат со доброволно одење во затвор. Но тоа не и беше дозволено, бидејќи во 16 часот и пристигнала пресудата, а во 16 часот и 30 минути беа дојдени на врата за нејзино спроведување, вели Илиевски кој остана дома со нивниот двегодишен син Петар.

Тој појаснува дека Јанулоска не била аболицирана од претседателот Ѓорѓе Иванов за случајот „Тенк“, но најавува дека и за овој случај ќе покрене постапка во Стразбур и дека ќе ја тужат судијката Добрила Кацарска за пристрасност бидејќи, според него, целата таа постапка од судење до спроведување во затвор била крајно неправична.

Запрашан за коментар на изјавите на Миле Јанакиески дека  „магарето го нема па удрете по самарот”, Илиевски вели дека не би сакал да коментира бидејќи своевремено и тој бил дел од
кабинетот на Груевски, но вели дека одговорот треба да се бара кај министерот за
внатрешни работи зошто дозволи бегство, дали некој помогнал за истото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот