И Сојузот на извидници се огради од Прв скопски извиднички одред

Илустрација: Извидници / Фото: Архива на „Слободен печат“

Сојузот на извидници на Македонија, со соопштение до јавноста, известува дека донеле одлука за „привремено оддалечување од активностите“, односно суспензија на Прв извиднички одред од Сојузот. Како што велат оттаму, конечна одлука во однос на евентуалните дисциплински мерки ќе донесе Собранието на СИМ врз основа на резултатите од преземените дејствија за истражување на случајот.

Од Сојузот изразуваат огромна загриженост за настаните за кои се пишува во изминатите денови, но и го осудуваат секое непрофесионално медиумско известување со кое неосновано се нарушува угледот на извидничката организација како целина.

– Сепак, поради огромниот број на медиумски наслови и „стории” кои содржат очигледни намери за генерализирање на настанот и дискредитирање на извидничката организација, принудени сме да реагираме со вакво соопштение, со цел барем во одредена мера да ги ублажиме непроценливите штетни последици кои се предизвикани по извидништвото, како резултат на безмилосниот натпревар помеѓу медиумите за максимизирање на бројот на гледачи, слушатели и посетители, велат тие.

Во соопштението велат дека тие се младинска организација којашто во нашата држава е присутна 70 години и, годишно ниво, извидниците организираат преку 1000 активности на територијата на целата држава, а низ редовите на организацијата се поминати над сто илјади деца и млади кои денес се активни чинители на општествената заедница.

– Огромен број волонтери кои членувале во организацијата несебично вложиле и вложуваат дел од своето слободно време, како и огромен труд и напори со цел остварување на мисијата за создавање на подобар свет, креирање на физички и духовно здрави индивидуи и подготовка на децата и младите запредизвиците со кои би можеле да се соочат низ животот. Денес сите тие луѓе, нивните семејства, пријатели и познаници, со шок и неверување ги следат медиумските написи пласирани во македонските медиуми. За нас е просто неверојатно со каква леснотија медиумите го поврзуваат настанот за кој пишуваат со генералниот поим за извидништво, извидници, извиднички кампови, извидничка организација и извидничко движење, објаснуваат оттаму.

Како невладина и целосно неполитичка организација, тие го осудуваат тоа што одредени медиуми ја злоупотребуваат веста во политичка конотација.

– Апсолутно сме уверени дека ваквиот начин на медиумско известување на ниту еден начин не помага во поддршка на учесниците на предметниот настан, напротив, сметаме дека со моменталниот медиумски пристап грубосе засега во правата на овие лица и нивните семејства, велат тие.

Тие ја користат оваа можност уште еднаш да ги осудат и да се оградат од какви било активности кои би можеле на било каков начин да се доведат во корелација со сексуално или било какво друго вознемирување на млади.

– Примарна цел на секој извиднички настан, независно од програмските активности, е учесниците на истиот да се чувствуваат безбедно и сигурно. СИМ има целосна доверба во сите надлежни државни органи и институции и им дава целосна поддршка во насока на расветлување на настаните, стои во нивното соопштение.

„Слободен печат“ секогаш и во секоја пригода е на страната на народот и оттука известувањата на сите медиумски платформи на „Слободен печат“ се во согласност со Кодексот.

СИТЕ ПОВРЗАНИ ТЕКСТОВИ НА ОВАА ТЕМА:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот