„Сојуз МС-16″, со тројца космонаути, се закачи за МВС

Ракетата – носач „Сојуз-2.1а” беше истрелана претпладнево од космодромот  Бајконур.

Вселенскиот брод „Сојуз МС-16″, што е пилотиран од тројца космонаути, денеска со автоматски режим на наведување се закачи за Меѓународната вселенска  станица (МВС), јавија светските агенции.

Со бродот за долги мисии на МВС пристигнаа руските космонаути Анатолиј Иванишин и Иван Вагнер и американскиот астронаут Крис Касиди.

Екипажот прво ќе ја провери процедурата на херметичко закачување за МВС и ќе го израмни накривувањето меѓу бродот и МВС, по што Иванишин, Вагнер и Касиди ќе можат да влезат во станицата.

Претходно Иванишин изрази мислење дека во следните неколку месеци МВС ќе биде најбезбедното место во време на пандемијата од коронавирусот на Земјата.

Ракетата – носач „Сојуз-2.1а” беше истрелана претпладнево од космодромот  Бајконур.

Тричлениот екипаж на МВС ќе мине 196 денови, а за овој период е планирано да изврши над 50 научни истраживања и експерименти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот