Социјалдемократи не го пуштаат Заев да си оди, покренаа иницијатива на социјалните мрежи

Зоран Заев во Куманово
Зоран Заев на предизборен партиски собир во Куманово / Фото: СДСМ

На социјалните мрежи се појави иницијатива „за поддршка на Зоран Заев“, со која членови на СДСМ бараат тој да остане партиски лидер. Иницијативата ја покрена претседателот на општинската организација на партијата од Куманово, Мартин Костовски.

Тој апелира до сите социјалдемократи во државата да му изразат безрезервна поддршка за Заев да остане на лидерската позиција во СДСМ.

„Јас Мартин Костовски претседател на ОО СДСМ-Куманово, од денеска покренувам иницијатива кај сите социјалдемократи во државата за поддршка на претседателот Зоран Заев. Недвосмислена и безрезервна поддршка да остане на лидерската позиција во СДСМ. Искрено и чесно, одговорно и храбро, многу дадовме за овие 5 години за Македонија, за СДСМ“, апелира Костовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот