Сочни и неодоливи: Рецепт за каталонски крофни кои мирисаат на лимон

каталонски крофни
Каталонски крофни / Фото: Juan Moyano / Alamy / Profimedia

Вкусните и ароматични крофни кои потекнуваат од регионот Емпорда во каталонската провинција Гирона се нарекуваат буниоли или бруниол де л’емпорда.

Се карактеризираат со силна арома на анасон и лимон, а во оригиналниот рецепт се користи и свинска маст, но доколку не ви се допаѓа мирисот, можете да ја замените со путер.

Нивната форма варира од сплескана топка до прстен (со дупка во средината), но нивниот изглед и вкус се разликуваат од место до место и денес се прават во секој дел од годината, со или без повод.

Состојки:

– 500 г универзално брашно
– 120 г шеќер
– 3 големи јајца
– 15 г семки од анасон
– 15 г коријандер
– 5 г сол
– 1 голем лимон (само кора)
– 2 лажици млеко
– 50 г маст (или путер)
– 1 прстофат сол
– 100 г квасец
– 1/2 дл ликер анасон
– масло за пржење

каталонски крофни
Каталонски крофни / Фото: Juan Moyano / Alamy / Profimedia

Подготовка:

Во сад се додава брашното и постепено се додаваат сите состојки освен анасонот и маслото за пржење. Добро измесете го тестото додека не стане еластично – готово е кога ќе можете да го истегнете без да се кине. Покријте го садот со крпа и оставете го на топло место подалеку додека не се удвои во големина. Ова обично трае околу неколку часа во зависност од температурата на воздухот. Во длабока тава загрејте малку масло. Намачкајте ги прстите со масло за да не се залепи тестото. Испржете мали парчиња тесто и направете дупка во средината. Пржете ги крофните додека не поруменат од двете страни. Извадете ги и ставете ги на кујнска хартија. Крофните посипете ги со шеќер и посипете ги со неколку капки ликер од анасон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот