Собранието и синдикатот на УКИМ потпишаа колективен договор

УКИМ
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Претседателот на Собранието Талат Џафери, во својство на овластено лице од основачот на Универзитетот, и претседателот на Сојузот на синдикати на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, проф. д-р Ангел Ристов денеска потпишаа колективен поединечен договор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”.

Со овој договор се уредуваат поблиску правата, обврските и одговорностите на работниците и на работодавачот, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје кои произлегуваат од работниот однос, обемот и начинот на остварување на правата, обврските и другите прашања од интерес на работниците и работодавачот, како и начинот и постапката за решавање на меѓусебните спорови.

Од Собранието посочуваат дека до овој чин дојде како резултат на повеќе од двегодишна борба и заложби на Синдикатот за подобрување на материјалната состојба на наставниот и ненаставниот кадар на најстариот универзитет во земјава.

Се прифатија заложбите врз основа на кои во 2024 и 2025 година ќе дојде до значително покачување на платите на вработените во Универзитетот со што ќе се придонесе за поквалитетен развој на науката и на високото образование, сѐ во интерес на студентите и државата, се посочува во соопштението од Собранието.

Според Сојузот на синдикати на Универзитетот ова е историски чин затоа што прв пат се потпишува ваков договор помеѓу институција од високото образование и законодавниот дом на Република Северна Македонија што е знак на конкретна поддршка на државата во однос на развојот и напредокот на високото образование, со тоа и на државата секако.

Конечно очекуваме и потврдуваме дека државата ќе го поддржи високото образование, а се во интерес на развој и напредок на државата, на образованието и на науката, рече проф. д-р Ристов заблагодарувајќи му се на Џафери за неговата заложба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот