„Со среќа нека ни е соработката!“ – се екипираа Меџити Касами и Гаши

Заврши средбата меѓу лидерите од опозицискиот блок на албанските партии, Изет Меџити Билал Касами и Африм Гаши. На средбата, Меџити кој излезе од ДУИ лидери на Беса и Алтернатива, разговарале за принципите на нивната идна соработка со која треба да ја обединат албанската опозиција во земјава.

-Почитувани граѓани, истомисленици и соработници, Како што изјавивме претходно, силно ќе се ангажираме за обединување на гласот на опозицијата во земјата. Денешната средба со г. Касами и г. Гаши во Собранието на РСМ, каде што разговаравме за принципите на нашата соработка. Нашето искрено патување продолжува! Со среќа нека ни е!, сподели Меџити на Фејсбук.

Тој најави дека ќе формира ново политичко движење за кое допрва треба да се одлучи кое име ќе го носи, а официјалното формирање ќе биде на 13 звгуст, денот на Рамковниот договор.

Средба Меџити, Касами и Гаши

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот