Со поразот на Ѓоковиќ во Монте Карло заврши традиција долга 51 година

Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во финалето на Мастерсот во Монте Карло откако беше поразен од 10. играч во светот, Норвежанецот, Каспер Руд.

Овој пораз е историски затоа што за првпат откако постои рангирањето на АТП листата тенисерот кој е на врвот е поразен во полуфиналето. Руд стана првиот тенисер кој го победил тенисерот број еден во полуфиналето на овој турнир.

Последен пат такво нешто се случи во 1973 година, а до поразот на Ѓоковиќ тенисерите кои се на врвот имаа скор од 13:0. Исто така за првпат од 1987 година се случи две години во низа во финалето да игра некој скандинавски играч.

Ѓоковиќ остана без финале во Монте Карло, Каспер Руд за титулата против Циципас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот