Со мали инциденти заврши одбележувањето на годишнината од студентскиот бунт и падот на хунтата во Атина

Со мали инциденти во атинската населба Ексархија што важи за собиралиште на анархисти, со една повредена девојка, нападнат новинар и со 28 уапсени и 13 приведени лица заврши одбележувањето на 46-годишнината од студентскиот бунт и падот на хунтата, јави дописничката на МИА од Атина.

Инцидентите се случија откако заврши официјалниот дел односно протестниот марш од Политехничкиот факултет до Aмбасадата на САД, откако група маскирани лица со пиротехника, предмети, неколку молотови коктели и слично ја нападнаа полицијата, која одговори со солзавец и шок бомби.

Населбата Ексархија беше под големо полициско обезбедување, а неофицијално девојката е повредена од страна на полицијата.

Како што претходно објави МИА, најмалку шест лица беа уапсени во населбата Ексархија неколку часа пред тензиите,  во акција на полицијата за спречување инциденти.

Прочитајте и...  Бразилец се излекувал од ХИВ вирус со експериментална терапија

Уапсената група била на тераса на зграда, а биле пронајдени меѓу другото и молотови коктели, гас маски, камења и друго.

Во изминатите години, одбележувањето на 17 ноември завршуваше секогаш со инциденти токму во Ексархија, а непознати лица ја напаѓаа полицијата со молотови коктели од зградите во населбата. Нешто што денеска не беше случај.

Протестниот марш од Политехничкиот факултет, од каде што започна бунтот во 1973 година, до Амбасадата на САД помина мирно и масовно, а заедно со блокот на СИРИЗА кусо на почетокот од маршот беше и поранешниот грчки премиер и лидер на партијата, Алексис Ципрас.

До Американската амбасада заедно со членови на неговата партија маршираше и лидерот на МЕР25, Јанис Варуфакис.

Прочитајте и...  Мицкоски за Заев: Мене ми е под секоја чест 9 пати во 90 минути дебата да му кажам дека лаже (ВИДЕО)

Центарот на грчката престолнина денеска беше под силно полициско обезбедување, а само пред Амбасадата  на САД имаше 18 полициски автобуси.

Прочитај повеќе

Ескалација на насилството во Белград, реагираше државниот врв (ВИДЕО)

МИА Агенција

Се зголемува бројот на демонстранти пред српското Собрание

МИА Агенција

Партиски реакции: НС го тужи Вучиќ поради воведување полициски час

Слободен печат

Демонстраните во Белград запреле возило на Брзата помош, реагираше министерот за здравство

Слободен печат

Масовни немири во Белград, демонстрантите фрлаат со шишиња и камења, полицијата употреби солзавец (ВИДЕО)

Слободен печат

Штедел за одмор од соништата, а заглави на празен аеродром на Филипини: Голготата на овој Естонец како од филмот „Терминал“

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Палма: Обидот за влез во српското Собрание е терористички чин

МИА Агенција

ВО ЖИВО: Хаос пред Собранието на Србија, граѓаните се судрија со полицијата

МИА Агенција

Се намалува бројот на активни случаи на Ковид-19 во Малешевијата

Слободен печат

И Во Нови Сад протест поради најавените мерки

МИА Агенција

Николовски: Зад нас во претходните години имаше и крв во Собранието, никој не веруваше дека Груевски ќе падне (ВИДЕО)

Слободен печат

САД и официјално се повлекоа од СЗО

Слободен печат