Со лет на Визер се вратени 130 македонски граѓани од Лондон

Министерството информира и дека денеска се организира четврти по ред хуманитарен конвој, овојпат од Босна и Херцеговина и Црна Гора, со што во земјава ќе се вратат вкупно 64 македонски граѓани со 19 возила.

Сто и триесет македонски граѓани со лет на Визер се вратени од Лондон. Министерството за надворешни работи соопшти дека авионот полетал од аеродромот Лутон, во близина на Лондон, а во соработка со Британската амбасада во земјава, на летот кон Скопје биле преземени 60 странски државјани од Обединетото Кралство, САД и Австралија.

-По деветте чартер-летови за репатрирање македонски државјани од Малта, Хрватска, Словенија, Германија, Австрија и Швајцарија, денеска во соработка со амбасадата на Република Северна Македонија во Лондон, генералниот секретаријат на Владата, МВР и Министерството за здравство, МНР организираше чартер лет за враќање на затекнатите граѓани во Обединетото Кралство, информираше МНР. 

Министерството информира и дека денеска се организира четврти по ред хуманитарен конвој, овојпат од Босна и Херцеговина и Црна Гора, со што во земјава ќе се вратат вкупно 64 македонски граѓани со 19 возила.

Во изминатите неколку дена, во соработка со министерствата за надворешни работи на повеќе држави и во координација со нашите дипломатско-конзуларни претставништва, на 30 наши граѓани од САД и Австралија им беше обезбедено непречено  да транзитираат низ неколку држави со цел да дојдат до финалната дестинација, аеродромите во Софија и Солун. 

-Со ова, вкупниот број на репатрирани граѓани во нашата земја, заклучно со денес е 2431. Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон надлежните власти во Бугарија, Грција, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Швајцарија, САД, Австралија, Холандија и Велика Британија за соработката и обезбедување непречен транзит, како и за целокупната поддршка во овие отежнати околности. МНР продолжува со напорите за враќање во земјава на затекнатите македонски граѓани во странство; во следните денови предвиден е и чартер лет за репатријација од Белгија и Франција, соопшти попладнево МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот