Снежна покривка од 15 сантиметри на Попова Шапка

Фото: Фејсбук

Најстудено утрово е во Тетово, Битола и Берово, минуст три степени, а максимални осум се измерени во Дојран.

Минус еден е во Крива Паланка и Куманово, нула во Скопје, Прилеп, Штип, Струмица и Дебар, еден во Лазарополе, Охрид, Демир Капија и Гевгелија, два во Маврово и Претор, како и четири степени во Виница и Крушево.

Како што информира УХМР, до седум часот висината на снежната покривка е 15 сантиметри на Попова Шапка и два во Маврови Анови.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Претпладне по одделни котлини ќе се задржи магливо и постудено. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и максимална температура до девет степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот