Смути од ананас и краставици за прочистување на дебелото црево

Фото Профимедиа

Голем број проблеми со здравјето доаѓаат токму од „нечистотиите“ кои остануваат во дебелото црево. Затоа и треба неколкупати годишно да се трудиме да го прочистуваме со помош на соодветна исхрана.

Еден од најпознатите лекови за овој проблем е меленото ленено семе кое преку ноќ отстојува во кефир. Се консумира цела недела, а резултатите се повеќе од очигледни.

Постои и друга варијанта, со помош на овошје и зеленчук, кои содржат влакна, соединенија и шеќери, кои делуваат како лаксативи.

Ова е рецептот кој ќе ви помогне за оваа цел:

Половина краставица

Парче ананас

Еден исцеден портокал

Едно зелено јаболко

Гел од алое вера

Подготовка:

Исечете ги овошјата и зеленчуците на парчиња и ставете ги во блендер. Додајте го гелот од алое (една доза според упатството) и изблендирајте. Разредете ја добиената смеса со 200 милилитри вода и сок од портокал. Можете да пиете еднаш до двапати дневно, задолжително еднаш наутро пред оброкот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот