СМО не ѝ верува на Русија, бара потврда за рекордната температура во Сибир

Светската метеоролошка организација (СМО) побара од руските власти да ја потврдат веста за загрижувачката рекордна температура од 38 степени Целзиусови што била регистрирана во Сибир,  а која, сепак, е во согласност со глобалните трендови на загревање во тој дел од светот.

Температурата беше забележана на 21 јуни во Верхојанск, град што се наоѓа во рамките на рускиот Арктички круг, пренесуваат британските медиуми, потсетувајќи дека Северниот пол се затоплува двојно побрзо од глобалниот просек и дека пролетта во Сибир годинава беше невообичаено топла.

СМО, чие седиште е во Женева, одговорот од руските власти го очекува во рок од неколку дена, а потоа и самат ќе почне со проверки за да утврди дали температурата во Сибир е највисока досега регистрирана во тој дел од планетата Земја.

Алармантно високи температури на Сибир: Измерени 38 Целзиусови степени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот